Веќе го дознавме противникот за полуфиналниот натпревар во Келн, Германија на собирот на најдобрите четири машки ракометни екипи во Европа. Избраниците на Раул Гонзалес во својот прв меч на завршниот турнир во историјата на РК Вардар ќе се соочат со шпанскиот гигант екипата на Барселона во која настапуваат Кирил Лазаров и Борко Ристовски. По крајот на ждрепката тренерот на црвено-црните Гонзалес и руското крило Тимур Дибиров излегоа со свои видувања за овој натпревар кој со голема неизвесност го очекуваме.
Гонзалес: Во полуфиналето ќе се сретнеме со Барселона, јас не знам дали е тоа добро или пак лошо. Само не сакав да играме против Веспрем, затоа што многупати одигравме со нив оваа сезона. Вака е подобро за сите и за нас и за публиката. Барселона е одлична екипа и тие беа први во својата група. Нивната екипа има одлична одбрана и многу добри голмани. Ние мораме да се подготвиме за дуелот со срце и мозок. Ако одиграме како против Фленсбург имаме шанса да победиме. Јас имам доверба во мојте играчите и треба да се обидеме да победиме. Тие таму ќе го играат најдобриот ракомет, не знам како ќе се одвива мечот, но се надевам на најдоброто.
Дибиров: Дуелот Вардар-Барселона ќе биде голем натпревар. Мене искрено сеедно ми беше против кого ќе играме во 1/2-финалето на Ф-4. Ние во Келн не одиме да го гледаме европскиот крем, туку да се вратиме со последниот, победнички авион, со трофејот во него. Честитки до сите ќе биде убав натпревар и вистинско ракометно шоу овој дуел.