Македонија направи голем исчекор кон пласман во следната фаза од Светското ракометно првенство, кое од вчера започна во Франција. Вечерва нашите ракометари го одиграа својот прв меч на овој мундијал и забележаа многу важен триумф. Совладан беше нашиот стар “должник“ селекцијата на Тунис, која ја совладавме со резултат 34:30. На тој начин со победа го отворивме СП во Франција. Предводник во победата беше капитенот Кирил Лазаров, додека пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов одигра одличен натпреваар постигнувајќи 7 погодоци.
-Сите ја чекавме оваа победа. Одигравме со срце и храбро. Знаевме дека ќе биде тешко, но дадовме се од себе, и го остваривме тоа што го планиравме. Но, не треба да летаме сега во облаци, одиме чекор по чекор. Да останеме смирени и треба уште да победуваме на овој мундијал.
Стоилов возбуден од победата рече дека незнаел како дошле до резултатски пресврт, откако Македонија имаше негатива во еден момент од четири голови разлика.
-Поим немам. Тие играа многу цврсто, ние го издржавме тој период и потоа се вративме до триумф.