Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА, СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ПОСТИГНА СЕДУМ ГОЛОВИ
ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА, СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ПОСТИГНА СЕДУМ ГОЛОВИ

ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА, СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ПОСТИГНА СЕДУМ ГОЛОВИ

Македонија го одигра првиот натпревар на светското ракометно првенство во Франција. Противник ни беше селекцијата на Тунис. Успеавме да забележиме голема победа со резултат 34:30.

Натпреварот со гол го отвори Филип Миркуловски за почетно водство. Во продолжение од натпреварот се играше гол за гол на двете страни. Доста активен беше капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој до 14 минута имаше три голови од исто толку обиди. Со четвртиот погодок на Кирил Лазаров, Македонија за прв пат на натпреварот имаше предност од 9:7. На голот започна Кирил Колев, кој на средината на полувремето беше заменет од Благојче Трајкоски. Тунис не дозволуваше да се одлепиме, па во 22 минута повторно го израмни резултатот, овој пат на 10:10. Дири на четири минути пред крај имаа и водство од 11:12, кое го задржаа до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 13:14. За одбележување во последните пет минути е влегувањето на младиот Филип Талевски, кој постигна два последователни голови.

На стартот на второто полувреме, противникот има највисоки два гола 13:15, додека во нашиот прв напад погодува Стоилов за негов четврти гол на овој натпревар. Играта без голман не ни носи резултат, па Тунис псотигнува лесен гол и веќе имаше три голови предност (15:18). Стоилов и Лазаров со по пет погоодци се единствените кои успеваат да одржат некаква резултатска рамнотежа и не дозволуваат предвреме, Тунис да го реши натпреварот. Сепак Тунис во 41 минута од мечот ги враќа најголемите четири голови предност (20:24). Кирил Лазаров со својот десетти погодок ја враќа Македонија во игра и намалува само на гол разлика 24:25, додека во следниот напад Стоилов со својот седми гол израмнува на 25:25. Во следните пет минути се игра гол за гол, Лазаров стигнува и до 12 гол, а со погодокот на Манасков од контра напад поведуваме и со 29:28. Во вистински момент на голот застанува Трајкоски кој брани два удари, кој ни овозможува да постигнеме два гола и да зголемиме на 31:28 во 55 минута. Оваа предност успеваме да ја зачуваме до самиот крај и да го забележиме првиот триумф на мундијалот.

Кирил Лазаров беше најефикасен со 12 голови, додека Стоилов и Манасков додадоа по 7.