Сениорската ракометна репрезентација на Македонија успеа по осми последователен пат да се најде на големите Европски и Светски натпреварувања. Иако на реваншот во Клуж, бевме минимално поразени од селекцијата на Романија (26:25), поради убедливата победа на првиот дуел во Скопје, изразена со осум голови разлика (32:24), Македонија е селекцијата која ќе биде дел од СП, кое во 2019 година ќе се одигра во Германија и Данска. Двајцата вардарци, кои беа дел од овој бараж, Стоилов и Поповски повторно дадоа свој значителен придонес, кон уште еден успех на Македонија, Стоилов постигна четири, додека Поповски еден гол. Честитки и за тренерскиот тандем, Гонзалез-Царчев и Парондо.
Капитенот на Вардар, не пропушти да го честита новиот пласман на големите натпреварувања, под едно и единствено име кое што го имаме, тоа е “РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.