Три генерации на ФК Вардар се наоѓаат на силен меѓународен турнир во Несебар ( Бугарија), каде денес треба да го започнат и третиот натпреварувачки ден. Генерацијата родени “2005“ година одигра три натпревари и забележа исто толку победи, а мрежата на нашите голмани, Апостоловски и Илиевски е се уште незатресена. По два натпревари одиграа и помладите генерации “2006“ и “2008“ кои исто така остварија победи. Во продолжение ви носиме фотографии од настапот на вардаровите петлиња, на турнирот во Бугарија.