Вардаровата генерација родени “2005“ година забележаа уште една победа на турнирот во Несебар. Трет последователен триумф за црвено-црните, откако попладнево ја совладаа и екипата на Левски од Софија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0.
Беспрекорно функционира нашата одбрана, а доказ за тоа е тоа податокот дека и после три одиграни натпревари, нашата мрежа се уште не е затресена. На денешниот дуел, по првото полувреме имавме минимално водство од 1:0. Во вториот дел постигнавме уште два гола во противничката мрежа и ја осигуравме победата. Филип Јовановски, Горјан Цветков и Никола Величковски беа стрелци на головите за Вардар.
На првите два натпревари, ги совладавме екипите на Локомотив (5:0) и Сталица (6:0).