Вечерва со почеток од 20:30 часот, репрезентацијата на Република Македонија ќе го одигра првиот натпревар на ЕП. Противник на Македонија ќе и биде селекцијата на Украина.
Македонија се наоѓа во израмнета група, во која се уште и селекциите на Чешка и Австрија, кои денес ќе го одиграат исто така првиот натпревар на ЕП.
Македонија е фаворит во дуелот со Украина, улога која треба да се оправда и на теренот. Селекторот, Брестовац, одреди со кои 16 ракометари ќе излезе на теренот. Во составот се најде и вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов, додека место на првиот меч нема за голманот Томовски и за десниот бек Серафимов.
Се надеваме на добра игра на нашата репрезентација и победа на отварањето на ЕП. Натпреварот можете да го проследите со директен пренос на телевизија Телма.