Хрватскиот портал „Индекс“ преку гласовите на своите читатели направи избор на најдобриот тим во Хрватска во последната декада. Во овој состав место имаше и за еден актуелен и еден поранешен играч на Вардар.
Најмногу гласови за најдобар играч на позицијата десно крило, доби актуелниот член на Вардар, се работи за Иван Чупиќ. Во најдобриот тим се најде и еден поранешен ракометар на Вардар, тоа е Блаженко Лацковиќ кој една сезона помина во црвено-црниот дрес, а посетителите на порталот „Индекс“ го прогласија за најдобар лев бек, признание кое го доби пред Дувњак.
Во овој избор се најдоа уште и Мирко Алиловиќ ( голман), Ренато Сулиќ ( пикер), Мануел Штрлек ( лево крило), Лука Степанчиќ ( десен бек), и Ивано Балиќ ( среден бек), додека во изборот за најдобар дефанзивец најмногу гласови доби Јаков Гојун.