Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Стојаноски: Сакаме добри мечеви и во новата сезона, амбициите на Вардар се пак да го кренеме трофејот од ЛШ
Стојаноски: Сакаме добри мечеви и во новата сезона, амбициите на Вардар се пак да го кренеме трофејот од ЛШ

Стојаноски: Сакаме добри мечеви и во новата сезона, амбициите на Вардар се пак да го кренеме трофејот од ЛШ

Актуелниот Шампион на Европа ги дозна своите противници во групната фаза од Лигата на Шампионите. Црвено-црните ќе бидат во групата Б заедно со екипите на Веспрем, Киелце, Брест Мешков, Монпелје, Порто, Мотор Запорожје и Кил. Во Виена на извлекување на ждрепката беше присутен и извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски кој истакна дека Вардар останува со исти амбиции и во новата сезона, а тоа е трофејот од Лигата на Шампионите. Какви се неговите првични впечатоци после извлекување на ждрепката.

„Ова е добра група. Нема да ги потцениме противниците. Сакаме добри натпревари оваа сезона и се надевам дека пак ќе бидеме на врвот, на првото место, но ќе видиме. Веруваме во нашиот тим, ќе се бориме за секој бод, на секој натпревар. Секој дуел е многу важен за нас. Пред оваа сезона променивме играчи, но и лани го имавме истото. Концентрирани сме да создадеме тим со добри играчи. За две недели ќе го завршиме тимот. Секако, амбициите на Вардар пак се да го кренеме трофејот во Лигата на шампионите, истакна Стојаноски.