Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Тео Стојковски: “Јуниор лигата“ е добра замисла бидејќи ни овозможува да се развиеме како спортисти и истовремено да се запознаваме и дружиме со ракометари од други градови и истакнатите професионалци на Вардар
Тео Стојковски: “Јуниор лигата“ е добра замисла бидејќи ни овозможува да се развиеме како спортисти и истовремено да се запознаваме и дружиме со ракометари од други градови и истакнатите професионалци на Вардар

Тео Стојковски: “Јуниор лигата“ е добра замисла бидејќи ни овозможува да се развиеме како спортисти и истовремено да се запознаваме и дружиме со ракометари од други градови и истакнатите професионалци на Вардар

Со нетрпение се очекува втората сезона на ракометната “Јуниор лига“ , која ќе стартува на 22 октомври. Повторно ќе гледаме многу натпревари во машка и женска конкуренција во неколку возрасни генерации. Овој пат истата ќе се одржува покрај Скопје и во други градови низ Македонија. Голем број на ракометни школи повторно ќе бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар. Една од нив е РШ Кале-Кичево за која настапува Тео Стојковски. Ова младо момче за нашиот сајт ги сподели впечатоците од дебитанската сезона во ова натпреварување.

-Сметам дека “Јуниор лигата“ е добра замисла бидејќи ни овозможува да се развиеме како спортисти и истовремено да се запознаваме и дружиме со ракометари од други градови и истакнатите професионалци и првотимци на Вардар. Јас сум задоволен како помина првата сезона на “Јуниор лигата“. Доста се дружевме со наши врсници од други градови и исто така стекнавме големо искуство во ракометот. Моите почетоци во ракометот беа во РШ Кале-Вардар Кичево каде што почнав да тренирам пред три години. Јас играв во генерација 2002/2003 и со мојот тим освоивме добар резултат. Учеството во “Јуниор лигата“ ми овозможи да ги подобрам моите техники и стекнав поголемо искуство и самодоверба.

vardarfans-rs-kale-kicevo

Очекувањата за новата сезона се секако да остане дружењето помеѓу учесниците во Јуниор лигата и да се остваруваат подобри игри и резултати.

-Најголем впечаток ми остави дружењето со нашите врсници и натпреварите со екипите од другите градови, и можноста да ги следиме натпреварите на РК Вардар. Многубројните тренинзи и стручното водење на нашите тренери резултираа со добра игра на мојот тим, победи и освојување на второ место во финалниот натпревар. Со нетрпение очекувам да започне новата сезона и се надевам дека и понатаму ќе остваруваме добри резултати и ќе ја подобриме нашата игра. Би сакал во новата сезона повеќе време да поминуваме со првотимците на Вардар и почесто да имаме тренинзи со некој од нив, изјави Тео Стојковски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски