Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред на натпревари за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар
Распоред на натпревари за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар

Распоред на натпревари за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар

Викендов кој доаѓа продолжуваат првенствените натпревари за младинските категории на ракометниот клуб Вардар.

Пионерите на РК Вардар предводени од Андријана Будимир ќе атакуваат на треттата последователна победа во лигата. Противник ќе ни биде екипата на РК Аеродром. Овој меч ќе се одигра во недела со почеток од 11 часот во спортскиот рекреативен центар Кале.

Новата сезона започнува и за младинците на РК Вардар Јуниор, чиј тренер ќе биде Пепи Манасков. Тие отвараат во сабота во С.Р.Ц. Кале против екипата на Делчево-Вардар.

Кадетките ги очекува нов меч, вкупно четврти за нов оваа сезона. По три одиграни кола избраничките на Ристова и Пецевска имаат две победи и еден пораз. Во сабота на Кале ќе гостува тимот на РК Велкова. Натпреварот е закажан за 11 часот.

Другата женска кадетска екипа на Вардар предводена од Платон и Кузмановска ќе бидат домаќини на екипата на Лихнид. Овој меч ќе се одигра во недела на Кале од 13 часот. Оваа кадетска екипа по три одиграни кола има максимален број на освоени бодови.

Во сабота стартува сезона и за младинскиот состав на ЖРК Вардар. Веднаш во првото коило дерби, со дуелот Металург- Вардар. Мечот е закажан да се одигра во сабота во спортската сала Автокоманда од 13 часот.