Ракометарите на Вардар 1961 издвојуваа голема победа вчера во Битола, па сега е многу полесно да ја одбранат титуата, да играат Лига на шампиони и следната сезона, но и да ги задржат најдобрите ракометари во тимот.
Нема никакви дилеми дека капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и во новата сезона ќе го носи дресот на Вардар и ќе продолжи да подигнува трофеи. Истото важи и за одличниот голман Борко Ристовски, кој вчера беше ,,икс фактор” на Дејвис. И Борко Ристовски е договорен да ја продолжи соработката со Вардар и идната сезона да го чува голот на ,,црвено – црните”.
Покрај нив двајца, во тимот останува и репрезентативецот на Македонија, Марко Мишевски. Мишевски во следните две сезони ќе остане дел од тимот на Вардар. Да не заборавиме дека во Вардар доаѓа и Нејц Цехте од Бундеслигата.