Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар ги играат натпреварите во Купот
Кадетите и младинците на ФК Вардар ги играат натпреварите во Купот

Кадетите и младинците на ФК Вардар ги играат натпреварите во Купот

Претстојниве денови, кадетите и младинците на ФК Вардар ќе ги одиграат 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија.

Во среда (04.05), кадетите на Вардар се домаќини на екипата на Работнички. Натпреварот ќе се одигра на спортскиот комплекс во населбата Хиподром со почеток од 10:00 часот.

Во четврток (05.05), младиниците од 10:00 часот ќе гостуваат на стадионот во Ѓорче на екипата на Македонија Ѓ.П.

Патниците во следната рунда ќе бидат познати после само еден одигран натпревар. Претходно пласман во 1/2 финалето обезбедија пионерските екипи на Вардар.