ЖРК Вардар вчера гостуваше кај Ѓорче Петров во дербито на колото, нашите девојки беа поразени на оваа средба со 22:20.
Домаќинот отвори со предност 3-0,ние се вративме во ритам и направивме пресврт. Вардарки поведоа со 6-9, но Ѓорче успеа да израмни на 13-13. Со голот на Миновска на одмор заминавме со минимална предност 13-14.
Вардар со голот на Коцева на стартот на второто полувреме се одлепи на 13:15. Домашниот состав не се предаваше, направи повторно пресврт со серија од 4:0 за 17:15. Ѓорче Петров успеа да победи со 22:20.
Катерина Дамјановска со пет и Сара Миновска со четири гола беа први стрелци. Трајкоска имаше 6, а Илиќ 11 одбрани.