На денешниот прес по повод саботниот дуел во рамките на СЕХА Лигата од РК Вардар дадоа видување за мечот со кој се затвора групната фаза од регионалната лига . Мечот е закажан за во 20-15 минути во Спортскиот Центар Јане Сандански .
Билети на за овој меч може да се набават на касата на С.Ц Јане Сандански и во продажните места на мк.тикетс по цена од 120денари за трибините и 250денари за ВИП делот во салата.
Како што донесуват од клубот на сајтот нашата ИКОНА Столе Стоилов вели :
-Ова е меч без притисок. Вардар е Вардар, играме дома и сакаме да победиме. Веспрем ни е должник, трипати не победија, еднаш несреќно. Се надевам дека сега ќе победиме ние .
Свое видување за последниот дуел во СЕХА Регионалната лига има и Шпанскиот стратег на клупата на Црвено-Црните кој посочил дека дефинитивно составот за мечот ќе го знае во последен момент бидејќи има проблем со дел од повредените ракометари . Раул Конзалез за мечот со Унгарците вели :
„Ние сме на второто место во СЕХА лигата. Нема притисок за овој меч. Многу важен, не толку од натпреварувачки аспект, затоа што не можеме да бидеме ниту први, ниту трети. Ја завршивме нашата работата во Прешов кога го победивме Татран. Добро е што немаме многу повредени играчи. Затоа и можеме порелаксирано да играме. Да се подготвиме за мечот во ЛШ против Висла. Тоа е основната цел. Ќе се обидеме да им дадеме шанса на сите, да уживаат во овој меч и да не ризикуваме”
Се надеваме дека во сабота конечно Вардар ќе победи меч со незгодниот противник кој дури трипати оваа сезона не победи од кој поразот дома во Лигата на Шампионите беше доста несреќан за Црвено-Црните кој речиси ја имаа победата на дофат .