Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > Историја > Хокеарски клуб Вардар

Хокеарски клуб Вардар

thВо почетоците на 1958 година, Трајко Трпчевски, Лазо Муслимански, Павле Головски, Горги Головски, Бошко Атанасов, Томе Трпчевски, кои тајните на хокеарската игра ги научиле во Чехословачка, предложиле да се формира Хокерарски Клуб Вардар. Набрзо се свикало основачко собрание, и бил основан хокеарскиот клуб Вардар.
Во 1969 година организаторот на Светското првенство решил натпреварите од групата Ц да се играат во Скопје, па така во нашиот град се изгради вештачко лизгалиште, кое беше прво во овој дел на јужна Европа.

Во прво време нашиот клуб се вклучил на натпреварите на тогашната лига на Хокеарскиот сојуз на СР Србија, која подоцна прерасна во II сојузна лига во оваа година нашиот тим со успех се натпреваруваше. Во 1985 година успеа да го освои I место и да стане член на I сојузна лига, мегутоа крутите административни прописи за жал му ја одземале можностa на Х.К Вардар.

Голем успех постигнала младинската екипа на Вардар која успеала да го освои II место, а младинците Чупески, и Страдал  со своите игри му се наметнале на сојузниот капитен, па биле земени во составот на младинската репрезентација на Југославија.