Денес 11.коло во ракометната Супер Лига ќе го одигра екипата на РК Вардар 1961. Црвено-црните ќе гостуваат кај екипата на Струга.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во спортската сала „Нико Нестор“. Вардар е голем фаворит на натпреварот против тимот кој досега освои само 7 бодови. Натпреварот ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, додека делегат ќе биде Игор Огненов од Битола.
Стрим од натпреварот можете да погледнете на линкот, ТУКА.