Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар достојно се опрости од Европскиот Куп, нашите девојки не загубија на гостувањето кај Јуро Унирек
ЖРК Вардар достојно се опрости од Европскиот Куп, нашите девојки не загубија на гостувањето кај Јуро Унирек

ЖРК Вардар достојно се опрости од Европскиот Куп, нашите девојки не загубија на гостувањето кај Јуро Унирек

Ракометарките на Вардар денес го одиграа реванш натпреварот од 3.коло во Европскиот Куп. Избраничките на Драгана Ристовска гостуваа кај екипата на Јуро Унирек од Холандија, натпревар кој заврши со нерешен резултат 26:26.

За разлика од првиот натпревар на кој бевме поразени со девет гола разлика (26:35), денес одигравме без притисок, па можеби и таквиот пристап и игра на крајот ни донесе и позитивен резултат. Вардарки отворија со два гола во серија, за да му дозволат на домашниот тим да влезе во серија на погодоци и да поведе со 7:2. Сепак нашите девојки не дозволија натпреварот да биде решен уште во првото полувреме, како одминуваше првиот дел бевме се подобри, ја топевме негативата, па на полувреме заминавме со минимална предност од 12:11 на екипата од Холандија.

Во второто полувреме, двете екипи се менуваа во предност. Вардар имаше водство од еден гол, за Јуро Унирек со серија на погодоци да стигне и до солидна предност од четири голови. Финишот од натпреварот му припадна на нашиот состав, кој сепак успеа да се избори за нерешен резултат и да избегне пораз. Ова беше големо искуство за овој мла, но и амбиционен состав на Вардар, кој во домашното првенство е неприкосновен после осум одиграни кола.

Најефикасна на денешниот натпревар кај нас беше капитенот Бојана Диневска која постигна 6 голови, додека Ивона Трпевска имаше 5, а Михаела Стојановска заврши со 4 голови. Одлична на голот со 10 одбрани беше Јована Трајкоска.