Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Силекс ги освои бодовите на дербито против ФК Вардар
Силекс ги освои бодовите на дербито против ФК Вардар

Силекс ги освои бодовите на дербито против ФК Вардар

Денес, ФК Вардар на теренот на ФФМ во Ново Лисиче го пречека во дербито од втората лига-Запад екипата на ФК Силекс. Во еден интересен натпревар  за жал бевме поразени во финишот со  1-2 (1-1) од  лидерот на табелата во оваа конкуренција.

Дербито  на ланските прволигаши започна со подобра игра на  домашниот тим, кои носени од одличната атмосфера на трибините,  но  лидерот одлично се бранеше.  По еден корнер од лева страна, вардаровата одбрана „заспа“ и Љамалари со глава донесе водство за Силекс. Вардарци тргнаа во контра-офанзива,  капитенот Блажевски мајсторски проби по левата страна и испрати прецизен центаршут по земја, а дојде до Петров кој  погоди за 1-1. Со резултатска симетрија  се замина на одмор.

8

Имавме иницијатива во второт дел, се трудевме да поведеме и да направиме целосен пресврт. Од клупата уфрливме неколку свежи играчи, можеби најблиску до водство бевме кога Дарко Глишиќ ја затресе стативата од голот на кратовчани. Во 92.минута, Силекс по една одлична полу-контра преку  Благој Спиркоски погоди за конечните 1-2.

Комплименти за навивачите на Вардар, верните Комити Запад кои денес имаа повторно свое шоу. 

9