Младинците на ФК Вардар денес во 5.коло беа домаќини на тимот на ФК Скопје, на меч на кој доминиравме дојдовме до висока победа. Црвено-црните триумфираа со резултат 5-0 (3-0).
Бабунски започна со овие момци: Јовчев, Јовановски, Ричков, Ѓоргоски, Хасани, Дошев, Мирков, Тасевски, Марковски, Јусуфи и Стојилевски.
Доминиравме на самиот почеток на дуелот, тоа донесе рано водство на истекот на 2.минута Мирков Антонио отвори со погодок за почетни 1-0. Вардаовите младинци на овој суперлигашки дуел доминираа во целост, во текот на првите 45.минути гостинот не се закани ниту еднаш кон голот на Јовчев. Јовановски и Ричков по погодокот имаа свои прилики за удвојување на предноста на црвено-црните. Јусуфи Нијази во 29.минута успеа да ја удвои предноста на нашиот тим тој погоди за комотни 2-0. По овој погодок Мирков имаше две прилики, во првата со глава не успеа да стрела, во втората своја шанса со својот втор погодок зголеми на 3-0, резултат кој се покажа како конечен во овој прв период од 45.минути.
Вториот дел наликуваше на првиот период, вардарци доминираа и креираа шанси пред голот на гостинскиот тим. Нововлезенот, Живков прв се закани со удар крај левиот директ. Потоа две големи прилики пропуштија Мирков Антонио и Здравковски Огнен, нивните удари не донесоа зголемување на предноста. Со својот трет гол на денешниот натпревар одличниот денес Мирков, вешто стрелаше за 4-0, тој доби топка во казненетиот простор беше најприсебен и погоди за висока предност. Од слободен удар од 25.метра се закани Илиевски, по него прилика имаше уште една и Здравковски Огнен. Вардар имаше целосна контрола на оваа средба, во последната минута и Здравковски Огнен ги постигна конечните 5-0 на оваа средба.
Во вториот дел играа уште и: Живков, Андрески, Трпезановски, Гроздановски, Илиевски, Здравковски и Трајковски.