Денес на програмата е ракометното дерби, меѓу екипите на Вардар и Еурофам Пелистер. После три одиграни натпревари и двете екипи имаат максимален број на освоени бодови.
Дербито ќе го судат најдобрите македонски судии, се работи за Ѓорги Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Камер Металари. Вардар во ова дерби влегува во добра атмосфера после победата во Лигата на Шампионите против екипата на Брест Мешков, а денешниот дуел ќе биде сериозна подготовка за следниот меч во ЛШ, кога во среда ни гостува екипата на Алборг од Данска.
Натпреварот ќе оди со директен пренос на МТВ-1 од 18:00 часот, а секој кој не е во можност да се вклучи на ТВ, дербито во С.Ц. Јане Сандански ќе може да го проследи на линкот, ТУКА.