Вардаровите кадети, предводени од Андријана Будимир се во Веспрем каде од денес, четврток, 18 јануари до 20 јануари ќе учествуваат на еден од најпрестижните ракометни турнири во регионот Балатон куп, што се одржува во Унгарија. Станува збор за т.н “Вип-турнир“, со само 8 учесници, на кој се иде со специјална покана, нашиот тим доби таква од Веспрем. Првиот дуел го играат денес од 15-10 часот со домаќинот.
СТРИМ ВО ЖИВО >>>