Вардаровите кадети, предводени од Андријана Будимир во Веспрем денес го одиграа деби мечот на еден од најпрестижните ракометни турнири во регионот Балатон куп, што се одржува во Унгарија. Денес во 1.коло се сретнавме со домаќинот на овој турнир екипата на Веспрем. За жал во меч во кој одигравме одлично второ полувреме бевме поразени со минимални 21-20 (13-8).
Натпреварот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, по што следееа минути на домашната екипа. Тие со серија 4-0 успеаа да поведат со 5-1 на овој дуел. Ние ја подобривме играта во продолжение и успеавме да намалиме на два негатива, односно дојдовме до резултат 9-7. Сепак финишот на првиот дел повторно донесе минути во кој Веспрем беше подобар тим на теренот. Тие го однесоа натпреварот на пауза со резултат 13-8 во нивна корист.
Вториот дел во целост ни припадна на нас. По почетните минути на домаќинот во текот на вториот период бевме далеку подобар тим на паркетот од Веспрем. Момците на Будимир гледајќи го самиот втор период, носени на крилјата на изворедниот Бојан Чакалиќ го добија со четири гола повеќе, односно 12-8. Сепак тоа не беше доволно па беа поразени минимално со само еден погодок негатива, домаќинот победи со 21-20 на крајот од овој дуел.
Неоспорен факт е дека судењето беше крајно неквалитетно и на наша штета во текот на цел дуел. Во одбрана бевме фантастични, но во нападот имавме неколку невообичајни технички грешки. Кај нас Чакалиќ беше прв стрелец со дури 12 гола во мрежата на унгарците, Грујоски, Павлевски и Димитриевски постигнаа по два погодока.