За нешто помалку од три часа во Битола ќе се одигра решавачкиот дуел на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Доколку Вардар успее и трет пат сезонава да победи, било тоа и со еден гол разлика – тогаш сите дилеми ќе бидат решени и Вардар ќе ја збогати витрината за уште еден трофеј.
Главен збор на денешниот натпревар ќе имаат голманите во двата тима. Доколку кај вардарци Борко Ристовски има свој ден и ,,фати” повеќе од 10.топки, тогаш сигурно дека ,,црвено – црните” ќе бидат многу блиску до победата. Од другата страна, Карим Хендави им е должен на своите навивачи бидејќи на Куп пресметката минатата недела не се прослави, па скоро и да не беше забележлив на теренот.
Останува да видиме дали искусниот Ристовски ќе има уште еден голем удел во овој дерби дуел, или пак Хендави ќе потсети зошто е доведен како големо засилување.