Ракометарите на Вардар 1961 иако вечерва загубија во Битола, сепак се на само неколку чекори до титулата. Оние осум голови од Скопје се одбранети, па така доколку Вардар ги победи сите останати натпревари до крајот, ќе биде нов шампион на Македонија.
Дербито во Битола започна во знакот на Еурофарм Пелистер, кој во деветтата минута од дуелот имаше предност од плус два, 4-2. До средината на првиот дел тимот од Скопје беше во постојана негатива, но не повеќе од еден до два разлика. За обележување беше 22.минута од дуелот, а домаќинот дојде на максимални плус три, 10:7. Следуваше намалување на негативата на само еден гол разлика. Одличниот Хендави на голот на домаќините не дозволи Вардар да дојде во предност, бидејќи имаше веќе десет одбранети топки на пет минути до крајот на првиот дел. Вардарци пред крајот на првиот дел се консолидираа, одиграа подобра одбрана, па така со гол на Дибиров заминаа на пауза со само еден негатива, 13-12.
Вториот дел започна во знакот на Вардар. Со головите на Дибиров и прекрасен од цепелин на Јотиќ, Вардар во 33.минута за прв пат успеа да дојде до предност вечерва, 13-14. За обележување беше 36. минута, а Вардар преку Георгиевски дојде до плус два, 14-16. Со серија од 3-0, домаќинот во 42. минута дојде до егал, 18-18. На петнаесетина минути до крајот на дуелот, резултатот беше 20-18. Со серија од 6-0, домаќинот дојде на плус три во 46. минута од дуелот. Вардар застана на средина на вториот дел и не одигра ама баш ништо. Лошата игра продолжи на Вардар, па така на десет минути до крајот имаше нашиот тим минус од пет гола. Во продолжението со головите на искусните Дибиров и Чупиќ, Вардар се врати на минус три. До крајот на натпреварот домаќинот не успеа уште толку да се наметне, па така со резултат 29-25 заврши денешниот дуел.