Екипата на Нант иако беше тотален аутсајдер за Ф4, сепак заслужено се најде на завршниот турнир откако одигра две феноменални партии против екипата на Веспрем.
Французите по одличната игра на домашен терен и предноста од плус четири, вечерва одиграа сличен натпревар и сосема заслужено на крајот се радуваат. Овој тим на Нант игра доста модерен ракомет, а има и фанстастичен чувар на мрежата. Тука е и нашата легенда Лазаров кој вечерва постигна четири погодоци. Одличен во нападот, но и во одбраната беше и новиот играч на РК Вардар 1961, Едуардо Гурбиндо кој постигна пет погодоци и беше еден од најдобрите вечерва кај гостите.
Им посакуваме успех на Нант, на Лазаров и на Гурбиндо на завршниот турнир. Се надеваме дека со титула ќе дојде во Скопје бек шутерот од Шпанија.