Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Царчев: Сакам „сребро“ во двете конкуренции, работиме вредно цел тим
Царчев: Сакам „сребро“ во двете конкуренции, работиме вредно цел тим

Царчев: Сакам „сребро“ во двете конкуренции, работиме вредно цел тим

Секогаш е тешко да се започне вовед за една ваква црвено-црна величина како што е Александар ЦарчевТој е поранешниот голман на РК Вардар, потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим.  Има еден интересен факт  за него, тоа е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од животот и кариерата. Нема сегмент од вардаровиот тим каде  нема тој свој удел, како активен голман го носел вардаровиот дрес, како тренер работеше со сите генерации во машкиот и женскиот тим. Сега е дел од стручниот штаб на полетниот ЖРК Вардар кој поместува граници, воедно е задолжен и за младите голмани кои се негова специјалност.

cakiiii

Помошник тренерот на црвено-црните дами зборува за пролетниот дел каде со Ристова како кормилари успеаа да дојдат до 100% ефект во лигата. Сите дуели ги добивме во 2021 во рамки на лигашките напревари.

Во пролетниот дел од сезоната 2020/2021 одигравме во лигата девет дуели и сите ги добивме, главна причина е што за време на зимската пауза во првенството добро ја подготвивме екипата на физички и тактички план. Оваа сезона во ростерот имаме нови играчи кои полека влегуваат во системот на нашата игра, во одбраната и нападот и треба време за адаптација на засилувањата, но ете успеавме. Целта на клубот и раководството оваа сезона е висок пласма во Лигата и Купот на Македонија, што реално го остваруваме, сребрени сме во Купот и во рака го имаме второто место во Супер лигата пред главниот ривал за таа позиција тимот на Металург.

caki-8 caki54

Минатиот викенд се одигра Куп завршницата на која дојдовме до „сребро“ воедно неговата голманка, Илиќ беше избрана за најдобар чувар на мрежата на оваа завршница во натпреварувањето.

Зад нас е Ф-4 во Купот кој се одигра во Автокоманда, задоволни сме полуфиналето го решивме во наша корист со победата над Чаир, но во финалето бевме прв пат поразени од Куманово оваа сезона поради наши грешки, промашени зицер-удари и технички грешки. Игравме два силни дуели за помалку од 18.часа, на двата напревари добро бранеше Илиќ Андреа која полена, но сигурно прераснува во врвен голман, Таа има наследено гени од татко и Саша Илиќ, кој е успешен фудбалски голман, потоа има талент, интелигенција и со доста стручна работа на тренинзите со сите мои три „ангели“, успехот е резултат на многу труд и посветеност. Наградата дојде како круна за заедничката соработка.

caki3 caki2

Следен предизвик за ЖРК Вардар е утрешното дерби со лидерот Куманово, ние гостуваме кај шампионот од Купот во рамки на 23.коло од Супер ракометната женска сениорска лига.

Играме силен натпревар во Куманово кај истоимената екипа, не очекува уште еден тежок натпревар и очекувам добро дерби. На истото ќе се надигруваме со првопласираната екипа во лигата и Купот, само може да ветам борба и нека победи подобриот противник. Важно е да играат силни мечеви од есен ги очекува настап во европските купови.

caki caki-2222

БОНУС>>>>>

По крајот на изјавата да се „прошетаме“ малце низ фактите за работата на нашиот тренер и да ви донесеме неколку интересни податоци за неговите голмани. Па така Царчев Александар  во 4.години( од 2017 до 2021 година, 2020 немаше завршници) има дури 7 награди за најдобар голман на завршници организирани од РФМ, плус безброј награди на голманките на турнири во земјава и странство. Тоа е за пофалба и факт кој не може да се одмине.

Награди на пуленките на Царчев Александар, наведени по години и во која конкуренција се освоени:

2017- Трајкоска (пионерско) и Мицевска (кадетско)

2018- Мицевска (сениорски Куп) и Илиќ (кадетско)

2019- Грујовска (сениорски Куп) и Ѓорѓиевска (пионерско)

2020- не се играа Ф-4

2021- Илиќ (сениорски Куп)

caki-4444

Есенски дел  пуленките на Царчев, трите „ангели“, Трајкоска, Илиќ и Грујовска имаа  од 426 упатену удари кон нив, скротени 168, односно впишаа неверојатни 39,5%  одбрани. Во 2.полусезона упатени се 387 топки,  сопрени се 164 односно  42% шутеви,  она што радува ова пролет е додатната зголемена ефикасност на „чуварите на мрежата“ тие сопреа 2,5% повеќе удари од есенскиот дел и ја вивнаа границата над 40% што е реткост во земјава.