Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хорват и Мартон главни судии на дуелот во Скопје
Хорват и Мартон главни судии на дуелот во Скопје

Хорват и Мартон главни судии на дуелот во Скопје

ЕХФ делегираше судиска двојка од Унгарија да ја дели правдата на неделниот натпревар во Скопје на кој се среќаваат Европскиот шампион Вардар и полскиот тим на Висла Плок.

Главни судии на овој дуел ќе бидат Петер Хорват и Балаз Мартон, ЕХФ делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора. Очекуваме фер и коректно судење на арбитрите од Унгарија.

Овој дуел е од посебно значење за тимот на Вардар бидејќи со победа нашиот тим ќе обезбеди место во 1/4 финалето. Дуелот в недела започнува од 17.00 часот.