Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Мицевска, Кицеска, Николиќ, Гичевска и Трпевска повикани за селекцијата до 20години
Мицевска, Кицеска, Николиќ,  Гичевска и Трпевска повикани за селекцијата до 20години

Мицевска, Кицеска, Николиќ, Гичевска и Трпевска повикани за селекцијата до 20години

На подготовките за квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство за ракометарки до 20 години, повикани се пет ракометарки од екипата на  Вардар. На списокот на селекторот Јулија Дамчевска се најдоа: Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Леонида Гичевска и Ивона Трпевска.

На списокот се наоѓаат вкупно 22 ракометарки, а собирот е закажан за сабота во салата во Автокоманда. Освен Мицевска која е дел од прв тим сите други девојки се дел од составот на Вардар Јуниор предводен од Симе Симовски кој игра во женската супер лига.