Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Останување на Самсоненко значи и на Дибиров, Шишкарев..
Останување на Самсоненко значи и на Дибиров, Шишкарев..

Останување на Самсоненко значи и на Дибиров, Шишкарев..

Ракометниот клуб Вардар и во новата сезона ќе биде моќен и стабилен тим. Оваа “бомба” денеска се појави во речиси сите спортски портали во нашата земја.

Освен тоа што Вардар останува квалитетен и засилен со уште неколку моќни газди, останувањето на Сергеј Самсоненко речиси сигурно значи дека во тимот и во новата сезона ќе останат едни од главните играчи на сегашниот тим, Тимур Дибиров, Шишкарев, Милосављев и тн..

Оваа супер вест доаѓа во вистински момент. Вардар во овој момент се подготвува за уште еден трофеј, овој пат во купот, а на почетокот на идниот месец и на завршницата од Ф-4 на Лигата на шампионите. Секако тука не го забораваме и првенството, кое речиси веќе и да го освоивме.