Големото финале во Купот на Македонија во женска ракометна конкуренција се играше во Куманово. Во истото најмладиот тим на Ф-4, Вардар излезе на мегдан со мотивираниот и повозрасен домашен тим ЖРК Куманово. Девојките на Симовски, Ристова и Царчев, се бореа максимално на овој дуел и беа поразени во последните 15.секунди со резултат 22-20.
Почнавме со наше водство од пенал со 1-0, потоа противникот имаше свои минути и отиде на 1-3. За нас намали борбената Диневска Бојана 2-3 која во тој дел од дуелот беше “мотор“ на тимот. Кумановки се одлепија на 2-7 во 14.минута одејќи на високи плус пет. Во игра Симовски ги уфрли: Грујовска, Седлоска, Трпевска и Миновска со цел да го смени текот. Грујовска смени доста во текот на играта, со две интервенции овозможи намалување на 5-8 по головите на Седлоска и Николиќ кои вешто ги валоризираа приликите. Противникот се одлепи на 10-5 во 19.минута, се изгледаше изгубено во тие моменти. На сцена стапи Грујовска која не прими гол цели 10.минути (имаше 10 одбрани во првиот дел), впиша пет одбрани во овој период, а Трпевска и Миновска решетаа. Дојдовме на само еден гол негатива, беше 10-9 пред крајот. Противникот успеа да погоди и зголеми на 11-9, резултат со кој отиде на одмор.
Домаќинот го почна добро вториот дел, па со три врзани гола поведе пак со плус пет 14-9. Успеавме да врземе мини серија 1-3, па во 38.минута дојдовме на подносливи минус три, 15-12. Влеговме во период во кој се играше гол за гол, негативата од минус три стоеше и во 42.минута потоа по една контра погоди Николиќ Милица за намалување на 17-15. Домаќинот најчесто погодува од пенали, Грујовска фати неколку удари под прекршок со што добивавме прилика за бранење на седмерци. Конечно дојдовме и на минус еден, во 49.минута Грујовска фати повторно топка, Џатевска умешно ја “собра“ и ја испрати во офанзива. По пас до пикерот Џатевска, противникот направи пенал, кој успешно го реализираше денес одличната Ивона Трпевска и намали на 19-18 на 10 и пол минути до крајот. Противникот погоди, но веднаш врати популарната Џате со прекрасен влез од линијата која го одбележува голманскиот простор. Во 54. напаѓавме за изедначување, денес неверојатната Грујовска фати “зицер“ во напад, погрешуваме и ја губиме топката без шут, тоа го користи противникот и зголемува на 22-20. Повторно погрешивме во напад, домаќинот напаѓаше за плус три, Грујовска денес пак не врати во игра, ние промашивме в напад тргна брза контра, сепак Симона повторно брани што во напад со одличен скок-шут го награди Седлоска за 22-21 на 3 и пол минути до крајот. Во последната минута на семафорот стоеше 23-22, домаќинот имаше напад кој заврши во статива. Ние имавме 15.секунди за напад, ние ја изгубивме топката и беше досуден пенал за домаќинот по жесток прекршок на еден наш играч. Домаќинот победи со 24-22, ама ние ги освоивме срцата на публиката, честитки за сите девојки.
Симона Грујовска која на крајот доби и награда за најдобар голман, имаше 17.одбрани, Трпевска погоди 6 пати, Седлоска и Николиќ имаа по 4 гола.