Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Супер Куп: Вардар и Металург ќе играат на 17.септември
Супер Куп: Вардар и Металург ќе играат на 17.септември

Супер Куп: Вардар и Металург ќе играат на 17.септември

Познат е дефинитивниот  датум за ракометниот македонски Супер Куп. Во него ќе учествуваат македонскиот првак, Вардар и освојувачот на Купот на Македонија, Металург. Двата тима  се договорија на 17. септември да го одиграат овој дуел.

Претходните мечеви  од Супер купот се играа пред почетокот на сезоната, но поради обврските на Супер Глоубот на црвено-црните и раниот почеток на регионалната СЕХА Лига, овој меч ќе се одигра по почетните кола во Супер лигата која започнува следниот викенд.

Местото на одигрување ќе го дефинира федерацијата, најверојатно тоа ќе биде Скопје, бидејќи е најповолна опција за двата скопски тима.