Ракометниот Супер Куп во машка конкуренција ќе се одигра на 11.септември.
Вардар и Еурофарм Пелистер се договорија за овој термин, а местото на одигрување најверојатно ќе биде Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“.
Од РФМ имало и други предлози за локацијата на одигрување на Супер Купот, но двата тима не прифатиле. На 23.август, Вардар го очекува натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата против екипата на Нексе.