Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Филип Талески е најдобар стрелец на јубилејното 50.издание на турнирот во Струга
Филип Талески е најдобар стрелец на јубилејното 50.издание на турнирот во Струга

Филип Талески е најдобар стрелец на јубилејното 50.издание на турнирот во Струга

Финишираше и јубилејното 50.издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Освојувач на истиот е екипата на Еурофарм Пелистер, откако во големото финале го победи тимот на Целје.

Во малото финале, Татран Прешов го победи Вардар, додека петтото место им припадна на АЕК кои беа подобри од Алкалоид.

На завршната церемонија се доделуваа и поединечни признанија. Филип Талески со вкупно 24 голови беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот. За МВП е прогласен Жарко Пешевски, додека најдобар голман е Урбан Лесјак од екипата на Еурофарм Пелистер.

Во отсуство на Талески, неговата награда ја прими Недановски.