Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар одбраната на титулата ја започнува на 23 март
Вардар одбраната на титулата ја започнува на 23 март

Вардар одбраната на титулата ја започнува на 23 март

Ракометарите на Вардар одбраната на титулата во ракометната Супер лига ќе ја започнат на 23 март идната година.

Во Супер лигата како што е добро познато се приклучуваат екипите на Вардар и Металург, со оние најдобри четири од првенствената табела.

Сигурно е дека покрај Вардар и Металург, во Супер лигата ќе игра и тимот на Еурофарм Работник, а за останатите три места ќе се борат екипите на Пелистер, Пролет 62, Бутел Скопје и Охрид 2013.

Шампионот на Македонија ќе го добиеме во периодот од 1-3 јуни.