На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најдобрите спортисти и колективи за 2018 година. За најуспешна спорттска екипа за годината која полека изминува е прогласена еипата на ЖРК Вардар, кој минатата сезона успеа да ја освои двојната круна во домашното првенство, да стане освојувач на Регионалната Лига и да се закити со сребрениот медал од Лигата на Шампионите.
За Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје е прогласен десното крило на црвено-црните, Иван Чупиќ. Вардар имапе успешна 2018 година, каде успеа да освои три трофеи од кои два беа во домашни рамки ( првенство и куп), како и да го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, кој беше четврти за нашиот шампион. Чупиќ трета година по ред успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн и да го освои четвртото место со Вардар, откако претходните две години со Вардар и Киелце ја освојуваше Европската титула.
Во категоријата за најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија ( мажи и жени), наградата му припадна на Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб Студен, додека во оваа категорија на четвртото место се најде капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов.