Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините за стартот на пролетниот дел од сезоната и за Ф4, во младинските ракометни категории
Познати термините за стартот на пролетниот дел од сезоната и за Ф4, во младинските ракометни категории

Познати термините за стартот на пролетниот дел од сезоната и за Ф4, во младинските ракометни категории

Сите младински екипи на ракометниот клуб Вардар се претеденти за пласман на завршниот турнир во својата возрасна категорија. Веќе се познати и термините за почетокот на пролетниот дел од сезоната во младинските лиги.

Пионерите ќе водат голема борба со екипата на Металург за првото место во групата која води на завршниот турнир. Избраниците на Зоран Петковски во есенскиот дел завршија на второто место во својата група, на шест одиграни натпревари имавме пет победи и еден пораз. Познат е стартот на вториот дел од сезоната и можното учество за вардарци на Ф4.

Пионери
Почеток на пролетен дел: 9/10 февруари 2019
Завршница на Ф4 се игра на 23/24 март 2019

Пионерките се есенски шампиони во групата 1 од пионерската лига, во која забележаа пет победи од исто толку мечеви. Избраничките на Платон имаат пет бодови повеќе од екипите на Металург и Делчево кои ќе се борат за втората позиција која носи учество на Ф4.

Пионерки
Почеток на пролетен дел: 23/24 март 2019
Завршница на Ф4 се игра на 4/5 мај 2019

Кадетите предводени од Будимир се многу блиску до пласман на Ф4, со оглед дека во есенскиот дел имаат максимален број на освоени бодови. Црвено-црните во групата 1 имаат дури шест бодови повеќе од второпласираната екипа на Аеродром.

Кадети
Почеток на пролетен дел: 23/24 март 2019
Завршница на Ф4 се игра на 1/2 јуни 2019

Кадетките на Вардар иако се натпреваруваат со повозрасни екипи остануваат во борба за првите две места кои носат на Ф4. Тоа се генерација на ракометарки родени 2004 година, која се натпреварува во лига со екипи, генерациски родени 2002 година. Вардарки се на третата позиција, но со само три бодови, односно два помалку од првите двепласирани екипи на табелата.

Кадетки
Почеток на пролетен дел: 23/24 март 2019
Завршница на Ф4 се игра на 25/26 мај 2019

Во младинската лига се натпреваруваме со две екипи. Вардар Јуниор е третопласиран во групата 2, со четири бодови помалку од екипите на Металург 2 и КЛ-7. Младинците на Вардар кои се генерациски помлади се наоѓаат на 5.место со девет освоени бодови.

Младинци
Почеток на пролетен дел: 2/3 февруари 2019
Завршница на Ф4 се игра на 30/31 март 2019

Младинките на Вардар завршија на првото место во есенскиот дел, забележувајќи осум победи и само еден нерешен резултат. Вардарки на табелата се пред екипите на Металург и Куманово.

Младинки
Почеток на пролетен дел: 2/3 февруари 2019
Завршница на Ф4 се игра на 25/26 мај 2019