Вардар повторно потсетува на славните шампионски денови во ЕХФ лигата на шампионите. Во третото коло од групната фаза во СЦ „Јане Сандански” беше поразен актуелниот европски вицепрвак Алборг, со 30-28 (16-16) што беше втор триумф за Вардар по ред сезонава во ЛШ.
Победите доаѓаат кога еден тим игра фантастична одбрана, а тоа секако дека оваа сезона е и Вардар. Предводени од Тото и Дијало, Вардар игра фантастична одбрана со многу трчање на сите дефанзивци и супер покривање на противничките шутери.
Дека Вардар игра одлична одбрана погледнете ја само оваа акција на Алборг, ТУКА.