Вечерва се комплетираше треттото коло од групата А во Лигата на шампионите. И по денешниот ден, Вардар останува на првата позиција на табелата сега со ист број на бодови како и ПИК Сегед, по пет.
Монпелје вечерва направи голема сензација и го победи фаворитот Кил, по што само Вардар и ПИК Сегед остануваат непоразени екипи по трите рунди.
Во следното коло, Вардар одново е домаќин, овој пат на екипата на Монпелје. Овој дуел ќе биде одигран на 13.10.
Еве како изгледа табелата во овој момент во групата А: