Kон крајот на месец август, eкипите на РК Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во рамки од македонскиот Суперкуп.
Натпреварот од Суперкупот меѓу шампионот Вардар и финалистот од Купот на Македонија од минатата сезона, Еурофарм Пелистер, ќе се одигра на 28 август, а локацијата треба да биде дополнително позната. Црвено-црните во својата клупска историја има освоено три титули во Суперкупот, додека тимот од Битола во минатата сезона дојде до првиот.