Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар ќе ја преставува Македонија на НБЦ-Купот во Клуж, Романија
Вардар ќе ја преставува Македонија на НБЦ-Купот во Клуж, Романија

Вардар ќе ја преставува Македонија на НБЦ-Купот во Клуж, Романија

Кугларскиот клуб Вардар 2014 во новата сезона, 2022/2023 ќе има настап на меѓународна сцена каде што ќе ја преставува нашата земја, Република Македонија.

Црвени-црните се пријавени за настап на НБЦ-купот кој оваа година ќе се одигра во Клуж, Романија каде ќе играат со ривали од цела Европа. Истиот е закажан со почеток на 4.октомври и ќе трае се до 8-ми октомври. Се очекува наскоро вардарци да го дефинираат ростерот за идната сезона со кој ќе настапат во МКЛ и на европска сцена, како што објавивме домашната лига е закажана за почетокот на септември.