Европската шампионска титула на црвено-црните им овозможува нови предизвици и прилики за докажување. Па така од 25 до 28 август во Доха, Катар, ќе се одржи Супер глоуб турнирот кој е Светско клупско првенство. На истиот место има и нашиот ракометен клуб Вардар како претставник на Европа по освојувањето на титулата во ЕХФ лигата на шампионите.
Ова ќе биде одлична прилика за нашите момци да освојат наслов и на светско ниво. Според форматот овој турнир има осум екипи, а веќе се познати шест учесници на истиот. Вардар е преставник на Европа, исто така сигурен учесник е екипата на Фухзе Берлин, кој ја брани ланската титулата. “Црниот континент“ ја претставува екипата на Ал Ахли која доаѓа од Египет. Потоа Азија ја преставува тимот на Ал Нор од Саудиска Арабија, Сиднеј Универзитет е преставник на Океанија, а Пан Америка е преставена од бразилскиот Пињеирос. Останатите две места ќе бидат “визирани“ наскоро, едното е резервирано за домашна екипа, додека еден тим ќе се најде на турнирот во вајлд-карта во договор помеѓу ИХФ и домаќинот.