Откако се игра Лигата на Шампионите од сезоната 1993/1994 година (претходно беше Куп на Шампионите) само пет земји во цела Европа имаа тимови кои донеле злато. Нашиот Вардар успеа да и овозможи на Република Македонија да биде дел од ова избрано друштво.
Ние сме шестта нација која се радувала на клупска европска круна. Најдоминантна нација е Шпанија која во својата историја има 14 титули на неколку нивни тимови. Втори на вечната листа се бундеслигашите со пет трофеја. Следат Полска, Франција и Словачка со по еден пехар и нормално од оваа сезона 2016/2017 тука е нашата Македонија. Неизмерна гордост предизвикува сето ова кај нас љубителите на црвено-црните бои.