Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Филип Талески е најдобар стрелец во СЕХА
Филип Талески е најдобар стрелец во СЕХА

Филип Талески е најдобар стрелец во СЕХА

После две одиграни кола во СЕХА-лигата, Вардар има скор од една победа и еден пораз.

Што се однесува до листата на стрелци во ова натпреварување, на врвот се наоѓа Филип Талески од редовите на Вардар. Македонскиот репрезентативец на два натпревари постигна 17 голови со кои се наоѓа на првото место, додека во ТОП-5 се наоѓаат Дејан Манасков и Мартин Карапалевски кои имаат по 8 голови.