Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески, е нов ракометар на РК Вардар, откако двете страни се договорија на соработка од една година.
Талески доаѓа во Вардар да ја засили левата бековска линија, но и да донесе свежина во дефанзивата на нашиот тим. Репрезентативецот доаѓа од германскиот бундеслигаш Балинген, а има настапувано и за екипата на Рајн Некар Левен во Германија.
Талески е најнов играч по комплетирањето на трансферите на францускиот голман Рибин Кантегрел, Томислав Јагуриновски и Дмитри Санталов.
Добредојде во Вардар за Филип Талески!