Вардар успеа да го добие првиот од двата натпревари кои ќе одлучат за новиот ракометен Шампион на Р.Македонија. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните славеа со резултат 31:24, а Талески потенцира дека победило вардаровото срце.
„Ние се надевавме на поголема разлика. Тоа што го имавме замислено, го реализиравме. Оваа година е потешко за разлика од минатата, треба да одиме на победа и во Битола, не смееме да се опуштиме затоа што ако се браниш, лесно се прави пресврт. Знаевме дека ќе биде тешко, но денеска победи вардаровото срце“