Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Филип Талески: Вардар покажа како треба да игра еден шампион на Европа
Филип Талески: Вардар покажа како треба да игра еден шампион на Европа

Филип Талески: Вардар покажа како треба да игра еден шампион на Европа

Вардар ја забележа  седмата победа во најсилната група А од лигата на шампионите и остана на првото место на табелата. Пред налетите на Европскиот шампион падна и шампионот на Германија, екипата на Рајн-Неркар, која не успеа со тактиката 7 на 6 да ги победи избраниците на Гонзалес, кои повторно демонстрираа врвен ракомет во нападот и одбраната. На крајот славевме со резултат 30:26. Кај противникот во составот беше и македонскиот репрезентативец, Филип Талески кој доби шанса на моменти да игра во одбраната и не се запиша во листата на стрелци.

-Вардар покажа како треба да игра еден шампион на Европа. Имавме многу проблеми во ситуациите еден на еден. Лошо го отворивме мечот и стекнавме негатива која беше проблем да ја неутрализираме до крајот на мечот. Ни претстои долга анализа за оваа средба и ќе мораме добро да се подготвиме за реваншот во Манхајм в недела на 26 ноември, истакна Талески.