Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Татран како загревање за дуелот со нас го “собра“ домашниот Куп
Татран  како загревање за дуелот со нас го  “собра“ домашниот Куп

Татран како загревање за дуелот со нас го “собра“ домашниот Куп

Вечерва нашиот РК  Вардар во рамки на регионалната  СЕХА Гаспром лига ќе биде  гостин на екипата на  словачкиот првак Татран Прешов. Домашниот колектив влегува со  одлично расположение и разигран во овој регионален дуел.

Момците на  Славко Голужа имаа интересен период на домашната ракометна сцена, кој го крунисаа со пехар. Татран Прешов го доби финалниот двобој од словачкиот Куп против екипата на Повашка. Тимот на Татран Прешов дури по  22 пат го подигна пехарот во  ова куп  натпреварување. Тие во првиот меч најавија пехар,  откако  беа убедливи и со двоцифрена разлика триумфираа над Повашка Бистриц.  Во првиот меч  Прешов победи  34:24, а во вториот  натпревар  ремизираа  овие два тима со резултат 32:32.

 *Денеска дуелот се игра во 18-00 часот, дали ова ќе им даде полетност на домаќините ќе видиме, натпреварот ќе може да го следиме низ директен пренос на МТВ-1.