Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров трет стрелец во ЛШ, русинот на само 6.гола до врвот
Дибиров трет стрелец во ЛШ, русинот на само 6.гола до врвот

Дибиров трет стрелец во ЛШ, русинот на само 6.гола до врвот

Левото крило на Европскиот првак, Тимур Дибиров на последниот меч во ЛШ против украински Мотор Запорожје имаше одлична партија. Тој успеа да напредува на листата на стрелци во елитата.

Русинот се наоѓа на местото број три на листата на стрелци со 62, пред него   е Остроушко  со 65, но тој повеќе нема мечеви во шампионската лига. Лидер е Барис Пухоуски од тимот на Мотор Запорожје кој е на шест позитива пред нашиот ракометар.  Во топ-50 стрелци после ова 12. коло се наоѓаат уште двајца црвено-црни ракометари. Скубе Сташ е на делба на 27. место (49 гола) а, со 47 погодоци Иван Чупиќ е на делба на 38.место.

Топ-5 листа на стрелци ЛШ:

1.  Барис Пухоуски (Мотор Запорожје) 68.гола

2.  Владислав Остроушко (Е.Работник) 65.гола

3. ТИМУР ДИБИРОВ (Вардар) 62.гола

5.  Хуго Дескат (Монпеље) 61.гола

6. Гомез Абељо (Барселона) 60.гола