Помеѓу двата натпревари со Пик Сегед, црвено-црните ќе го одиграат дербито од плеј-офот во Супер Лигата. Според распоредот на РФМ, Вардар и Металург својот прв меч ќе го одиграат на 29.април ( понеделник) во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 12:00 часот.
Вардар успеа да ги добие првите два меча во плеј-офот, откако успеа да ги победи екипите на Пролет и Еурофарм. Од друга страна, Металург доживеа висок пораз на домашен терен од екипата на Еурофарм и значително си го загрози освојувањето на второто место во Македонија, додека успеаа да излезат како победник во дуелите со екипите на Пелистер и Пролет.
Вардар и оваа сезона е најголем претедент за освојување на домашната титула.